Аудио

17 јули, 2019

Бијонсе го објави видеото за новата песна од „Кралот лав“

Темата „Spirit“, која Бијонсе ја сними за саундтракот на филмската верзија на „Кралот лав“, штотуку си доби и соодветна екранизација, каде што покрај пејачката се појавува и нејзината ќерка Блу Ајви, воедно прикажувајќи ги и убавините на Африка и сцени од самиот филм. „Кралот лав“ веќе ги имаше официјалните премиери во САД и во Велика Британија, а деновиве пристигнува и во нашите кино-сали.

Како што е познато, Бијонсе го позајмува гласот и за лавицата Нала, а работеше и на саундтракот „The Lion King: The Gift“, заедно со оригиналниот автор Елтон Џон и со познатиот филмски композитор Ханс Цимер. Уште од објавувањето на „Spirit“, многумина веќе предвидуваат дека токму таа ќе го добие Оскарот за најдобра оригинална песна на следното доделување в година.

Новото видео за „Spirit“ погледнете го во продолжение, а подолу можете да уживате и со целиот саундтрак, кој ги вклучува добро познатите „Circle Of Life“, „Can You Feel The Love Tonight“, „Hakuna Matata“ и „I Just Can’t Wait To Be King“. Уживајте!



Врати се горе ↑