15 декември, 2013

Бијонсе го објави новиот албум и ја продолжи турнејата

Бијонсе ја шокираше светската музичка сцена кога деновиве без никаква најава го објави нејзиниот петти студиски албум насловен едноставно „Beyoncé“, кој е достапен ексклузивно само на сервисот iTunes и се продава по цена од 15,99 долари, без можност да се порачуваат поединечни песни. На албумот гостуваат колеги како што се Френк Оушн, Дрејк и Џеј Зи, а специјален гостин е нејзината ќеркичка Блу Ајви. Интересно е тоа што албумот е еден вид аудио-визуелен проект, односно се состои од 14 теми и 17 видео записи, а по 30 секунди од сите 17 видеа можете да погледнете во продолжение.

 

По ненадејното објавување на албумот првично закажан за февруари следната година, деновиве стигна уште една вест поврзана со пејачката, а тоа е продолжувањето на нејзината турнеја „Тhe Mrs. Carter Show“. Имено, заради големиот интерес турнејата ќе биде дополнета со 16 нови датуми за Европа, кои ќе се одржуваат до крајот на март 2014 година. Ова е доста импресивен резултат ако се земе предвид дека турнејата беше наменета за промоција на материјалот од нејзиниот претпоследен албум „4“, објавен во јуни 2011 година.

Интересно е тоа што на претстојното продолжение од турнејата како специјален гостин ќе се појави и овогодишниот победник на британскиот X Factor, а кој ќе ја добие таа титула ќе дознаеме вечерва. Во продолжение погледнете го комплетниот список на песни и видео записи кои се најдоа на новиот албум на Бијонсе.

Songs:

1. Pretty Hurts
2. Haunted
3. Drunk in Love (Featuring JAY Z)
4. Blow/Cherry
5. Angel
6. Yoncé/Partition
7. Jealous
8. Rocket
9. Mine (Featuring Drake)
10. XO
11. Flawless (Featuring Chimamanda Ngozi Adichie)
12. Superpower (Featuring Frank Ocean)
13. Heaven
14. Blue (Featuring Blue Ivy)

Videos:

1. Pretty Hurts – directed by Melina Matsoukas
2. Ghost – directed by Pierre Debusschere
3. Haunted – directed by Jonas Åkerlund
4. Drunk in Love – directed by Hype Williams
5. Blow – directed by Hype Williams
6. Angel – directed by @lilinternet
7. Yoncé – directed by Ricky Saiz
8. Partition – directed by Jake Nava
9. Jealous – directed by Beyoncé, Francesco Carrozzini & Todd Tourso
10. Rocket – directed by Beyoncé, Ed Burke & Bill Kirstein
11. Mine – directed by Pierre Debusschere
12. XO – directed by Terry Richardson
13. ***Flawless – directed by Jake Nava
14. Superpower – directed by Jonas Åkerlund
15. Heaven – directed by Beyoncé & Todd Tourso
16. Blue – directed by Beyoncé, Ed Burke & Bill Kirstein
17. **BONUS VIDEO – Grown Woman – directed by Jake Nava



Врати се горе ↑