Свет

8 декември, 2017

Бијонсе, Ед Ширан и Пинк на новиот албум на Еминем

Долгите паузи меѓу албумите на Еминем се секогаш со добра причина, а неговите обожаватели се наградени за нивното трпение со одлични и понекогаш неочекувани соработки со едни од најзвучните имиња на светската музичка сцена. Доказ за тоа е и повратничкиот сингл „Walk On Water“, со кој Еминем го најави својот 9. по ред, студиски албум „Revival“ и во кој гостува Бијонсе! Но, таа не е единствената суперѕвезда што гостува на претстојното издание.

Имено, само недела дена пред објавувањето на албумот, кој ќе стигне на 15 декември, рап-богот го објави мошне импресивниот список со 19 песни, каде што меѓу соработниците се наведени: Ед Ширан, Алиша Киз, Пинк, Прешер, ѕвездата во подем – Кејлани, „Екс амбасадорс“ и веќе редовната соработничка и една од продуцентите на албумот – Скајлар Греј.

ем

Сепак, имајќи ја предвид возбудата околу новиот албум, дуетот со Бијонсе не забележа некој поголем успех досега, дебитирајќи само на 14. место на Билбордовата листа… Ако сакаме да бидеме реални, живееме во ера на музички видеа, без кои ретко која песна успеала да го привлече вниманието на публиката, па се надеваме дека раперот веќе работи на некоја екранизација, без оглед дали ќе биде за „Walk On Water“ или за некој од другите дуети на албумот.

Како и да е, 15 декември е блиску, па дали ќе го дочекаме денот и со некое ново видео останува да видиме тогаш. За крај уживајте со неодамнешното гостување во култната емисија „Сабота навечер во живо“!



Врати се горе ↑