Аудио

2 март, 2018

Бијонсе, Џеј Зи и Фјучр во новиот сингл на диџеј Калид

Диџеј Калид е главниот виновник за едни од најслушаните хитови во изминатиов период, сето тоа благодарение на гостувањата на имиња како што се Ријана, Џастин Бибер, Дрејк и други. На списокот со соработници, 42-годишниот рапер и продуцент ги додаде и најпознатите сопружници на музичката сцена, Џеј Зи и Бијонсе, како и колегата Фјучр, кои гостуваат во штотуку објавениот сингл „Top Off“.

Станува збор за најава за неговиот 11. по ред студиски албум, кој ќе го носи насловот „Father of Asahd“ и кој ќе го наследи минатогодишниот „Gratefull“. Сè уште не се познати многу детали околу новото издание, но ако судиме по претходните дела, се чини дека нè очекуваат доста интересни соработки. Како звучи „Top Off“ слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑