Свет b-dil

17 декември, 2014

Бијонсе: „Drunk In Love“ на суд!

По обвинението дека ја украла песната „XO“, Бијонсе неодамна се соочи со уште еден сличен проблем, овој пат за дуетската тема со Џеј Зи„Drunk In Love“. Имено, унгарската пејачка Моника Мицура, позната како Мицу (Mitsou) ги обвини Бијонсе, Џеј Зи и Тимбаленд дека без дозвола искористиле семпл од нејзината песна „Bajba, Bajba Pelem“ од 1995 година. Таа побарала компензација, како и забрана за радиско емитување на песната додека не се реши проблемот на суд.

Мицу тврди дека нејзиниот глас се наоѓа во воведниот дел на хитот на Бијонсе и дека за тоа никогаш не била прашана, ниту дала дозвола. Двете песни можете да ги слушнете во продолжение, па проценете сами.



Врати се горе ↑