Свет article_big_1305669847beyone_girls_run

14 февруари, 2013

Бијонсе, Бритни и Бон Џови на „црната листа“ на NRA

Американската организација National Rifle Association (NRA), која преговара за правата на луѓето да поседуваат и носат оружје, составила листа на луѓе кои се противат на нивните цели, односно кои „јавно бараат ограничување на правата за носење оружје“.

Меѓу „непријателите“ на организацијата се најдоа Бијонсе, Бритни Спирс, Бон Џови, Бојз II Мен, Шака Кан, кантри пејачката Шанаја Твејн, актерите Џорџ Клуни и Барбра Стрејсенд.

Оваа листа се појави есента 2012 година, а на социјалните мрежи му послужила на противниците за носење оружје да тврдат дека на листата се наоѓаат „сите значајни луѓe во американскиот јавен живот.“ Дебатата за носењето оружје се вжешти по масакрот во основното училиште Сенди Хук во Конектикат.

Извор: NME, MTV

 



Врати се горе ↑