Свет 1117572_640px

12 ноември, 2012

Бијонсе ѝ ја убива самодовербата на Ријана

Иако се чини дека Ријана има голема доза самодоверба, пејачката од Барбадос неодамна открила дека постои личност која прави да се чувствува несигурно во себе.  Ријана во едно нодамнешно интервју на прашањето што мисли за Бијонсе таа рекла: „Таа е прекрасна. Тоа е голем удар за мојата самодоверба“. Ријана појаснила дека премногу ѝ завидува на Бијонсе и на нејзиниот совршен изглед, но дека во моментот добро се чувствува во својата кожа.
Во овој момент навистина ми годи да бидам Ријана. Кул сум и се е во ред“, рекла поп пејачката, која се надева дека и на 30 години ќе има витко тело, ќе биде силна, а нејзините гради ќе станат уште поцврсти бидејќи тоа ќе биде единствено нешто што тогаш ќе ѝ биде важно.


Врати се горе ↑