Концерт бд

4 август, 2017

„Бијело дугме“ вечерва во Охрид

На стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, вечерва концерт ќе одржи легендарната балканска група „Бијело дугме“. После историскиот и распродаден коцерт во Скопје, пред повеќе од 10.000 посетители, Горан Бреговиќ, Младен Војичиќ – Тифа и Ален Исламовиќ повторно се враќаат во Македонија, овој пат на голем концерт на отворено.

Како што соопштија организаторите од „Авалон продукција“, концертот ќе биде продукциски на ниво на светските концерти, по сите светски стандарди, ќе трае повеќе од 2 и пол часа, а ќе започне во 22:30 часот. Влезниците по цени од 600, 900 и 1.500 денари се во продажба преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ и онлајн на www.kupikartizase.com.



Врати се горе ↑