Балкан zoran-stanic-1358114233-252753

10 април, 2013

„Бијело Дугме“ ќе добие нов пејач?

Зоран Станиќ – Зоја, момчето со златен глас и рокенрол сензибилитет, кое ја магепса јавноста со учеството во финалето на шоуто „Првиот глас на Србија“, на есен можеби ќе стане нов, четврти по ред, пејач на легендарната група Бијело дугме, дознава српски Пулс.

Можноста да стане наследник на Бебек, Тифа и Ален, Зоја ја добил во текот на маестралните настапи во шоуто „ПГС“, кога „алфата и омега“ на Бијело дугме – Горан Бреговиќ го забележал и веднаш дошол до идеја тој да биде новиот вокал на легендарниот бенд. Соговорникот на Пулс, близок на Брега, изјавил дека тој веќе неколку месеци има идеја да направи уште една турнеја на бендот: „Секако, Горан овој пат не смета на ниту еден од некогашните три пејачи, туку за новата турнеја би работел со потполно ново лице, а во случајот тоа е Зоја од „Првиот глас“. Колку што знам, Горан и Рака Мариќ наскоро ќе имаат и формален разговор со Зоран Станиќ, но и со членовите на Дугме: Зоран Реџиќ, Владо Правдиќ и Милиќ Вукашиновиќ. Доколку турнејата биде успешна, можно е и снимање на нова плоча на Дугмињата, а Горан и Рака за сега сè држат во тајност, и ако плановите се финализираат, јавноста ќе биде известена за новиот живот на Бијело дугме.“ – открил изворот.

Во продолжение погледнете една од изведбите во ова шоу, каде што потенцијалниот нов пејач на Дугмињата ја пее „Always“ од Бон Џови.

Извор: pulsonline.rs/фото: kurir-info.rs

 



Врати се горе ↑