Балкан list_640px

15 декември, 2012

БиХ сепак ќе има претставник на Евросонг 2013?

Иако деновиве беше соопштено дека Босна и Херцеговина поради финансиски причини нема да учествува на Евровизија следната година, според изворите на порталот FoNet, срскиот магазин SvetPlus пишува дека оваа земја сепак ќе испрати свој претставник во Малме. Имено, генералниот директор на Радиотелевизијата на Република Српска (RTRS) и уредниците на ТВ и Музичката продукција на оваа телевизија во петокот соопштиле дека оваа куќа е подготвена и по квалитет и финансиски и организациски да ја преземе целата одговорност на претставувањето на БиХ во Шведска, 2013 година.

Официјалната одлука на одборот на јавниот радио и телевизиски сервис на БиХ, во кој се наведува дека земјата нема да учествува на Евросонг 2013 фодина, РТСР смета дека е непримерна за граѓаните на Босна и Херцеговина кои плаќаат такса за работа на јавните РТВ сервиси, како и тоа дека е потполно промашување.

РТСР во потполност стои позади прокетот на групата Александрија (Alexandria) од Бања Лука, чија песна со работен наслов „Хоризонти“ се подготвува токму за Евросонг и е во завршна фаза на обработка, се наведува со соопштението.  Се истакнува дека на оваа песна веќе подолго време работат заедно со членовите на групата Александрија и музичките уредници на РТСР, Маја Татиќ и Јадранка Стојковиќ.

„На тој начин би ги исполниле нашите обврски кон јавноста на БиХ, би имале отворена можност да ја промовираме квалитетната музичка сцена од Бања Лука, Босна и Херцеговина и поранешна Југославија. Ние бараме поддршка од јавноста, а од колегите во БХРТ начин на кој овој наш предлог би можел успешно да се реализира“ – стои во соопштението.

Инаку, на официјалната страница на Евровизија нема никакви вести за ниту една земја која го откажала учеството, a според податоците на Википедија за сега официјален претставник има избрано Белорусија, која ќе ја претставува Алијона Ланскаја (Alyona Lanskaya) со песната „Rhythm Of Love“, како и Белгија чиј претставник ќе биде Алберто Белароса (Alberto Bellarosa) и за Холандија ќе пее Анук (Anouk). Вечерва ќе се дознае и претставникот на Швајцарија, а за победа ќе се борат 9 изведувачи. Исто така според Википедија, за сега официјално се откажале од учество БиХ, Словачка, Турција и Португалија, а не се спомнати Полска и Грција, како што беше објавено неодамна, а по пауза од една година се враќа Ерменија.

Извор: svetplus.com/wikipedia



Врати се горе ↑