Свет BigBoi

5 јануари, 2013

Биг Бои соработува со Андре 3000 и промовира спот

Биг Бои на неговата Tumblr страница објавил дека повторно соработува со колегата од групата Ауткест, Андре 3000 за песната „Pink Matter“ од Френк Оушн. Издавачката куќа Џајв (Jive) спречи Андре да се појави на првиот соло албум на Биг Бои „Sir Lucious Left Foot: Tohe Son Of Chico Dusty“, а поради нејасни компликации до соработка не дојде ни за вториот албум „Vicious Lies and Dangerous Rumors“. За сега нема навестувања дека двата рапери ќе објават албум под името Ауткест.

Во меѓувреме, Биг Бои го промовира актуелното издание од кое е објавен синглот „In The A“ во соработка со Ти Ај и Лудакрис. Нумерата е посветена на нивниот заеднички град Атланта, а спотот е во режија на Алекси Папалексопулос. Во продолжение погледнете го „In The A“.

 



Врати се горе ↑