Аудио big-boi-kelly

26 октомври, 2012

Биг Бои и Кели Роланд со заедничка песна

Биг Бои кој е член на познатата група Ауткаст (Outcast) сними песна со поранешната членка на Дестинис Чајлд, Кели Роланд. Нумерата е со наслов „Mama Told Me“ и за сега достапна е во форма на видео текст. Биг Бои уште во март изјави дека албумот кој го подготвува е 80% готов, а ќе биде насловен „Vicious Lies and Dangerous Rumors“. Раперот неодамна изјави дека датумот кога албумот ќе биде пуштен во продажба е 13ти ноември.

Песната за која магазинот Идолатор ја опиша како „извонредна соул нумера, одбележана со џез призвук и со голем радиски потенцијал“, веројатно ќе се најде на новиот албум. Во продолжение преслушајте ја „Mama Told me“.

 



Врати се горе ↑