Балкан front

4 мај, 2014

Биг Баг го претстави својот деби албум „Broken“

Независната етикета Black Planet Records од Ниш, соседна Србија, пролетва подготви уште еден нов албум. Станува збор за долгоочекуваниот деби албум на мрачниот алтернативен состав Биг Баг (Big Bug) од Пирот. Ова е уште еден бенд кој со квалитетните песни и продукција покажува дека нешто што е од нашите простори може да биде изработено сериозно и професионално. На есен следат и настапите во живо со кои бендот ќе го промовира своето првенче и новите нумери. Главниот продуцент на албумот, Никола Врањковиќ изјавил дека ова е најдобриот албум на англиски јазик од српски бенд на кој работел до сега. Биг Баг мешаат разни влијанија креирајќи сопствена фузија и преку 10 нумери нè водат на пост апокалиптично патување кое не би требало да го пропуштите.

 Албумот насловен „Broken“ можете да го преслушате и бесплатно да го симнете на овој линк.

 

 



Врати се горе ↑