Македонија tt-bnt

12 ноември, 2015

Бидете дел од новиот видео запис на Тамара!

Пејачката која деновиве наголемо се подготвува за својот концерт закажан за 27 ноември во арената „Борис Трајковски“, Тамара Тодевска утре (13 ноември) ќе снима видео запис за уште една од песните што се најдоа на албумот „Еден ден“. Станува збор за екранизација на темата „Баш на тебе“, а ќе ја снима екипата на „Горила филмс“, која ги повикува сите заинтересирани да бидат дел од снимањето на спотот.

„Почитувани пријатели, петок 13 ноември ќе се снима спот за Тамара Тодевска за композицијата ’Баш на тебе’… За потребите на видео записот потребни се статисти, снимањето ќе трае 4 часа од 16 до 20 часот, локација во центар... Сите заинтересирани да се пријават во inbox на следниот линк.“

 

Тамара вечерва ќе настапи и како специјална гостинка на „Скопски фестивал“, а пред концертот, на 24 ноември, ќе ја видиме и на радискиот фестивал „МАРС 2015“. Како течат подготовките за концетот можете да видите на фотографиите во продолжение.

Билетите се веќе пуштени во продажба во продажната мрежа на www.mktickets.mk

Продажни места и салони:
Продажните салони на ONE во: Скопје (Ramstore, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Skopje City Mall) Куманово, Тетово,Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.
Југотон ГТЦ 1 кат
Универзална Сала – Скопје
Тобако – МПМ ПРЕС
Тобако Дрводекор
Тобако 2 – Скопјанка
Тобако Супер 8
Њу Тобако – Охрид,
Оранж Тобако – Тетово



Врати се горе ↑