Свет

29 јануари, 2019

Биби Рекса сака да соработува со Дуа Липа, Рита Ора и Ејва Макс

Биби Рекса пројави желба да соработува со своите колешки Дуа Липа, Рита Ора и Ејва Макс. Четирите девојки, на кои заедничко им е албанското потекло, за кратко време успеаја да ја освојат светската сцена, редејќи хитови и број еден синглови од двете страни на Атлантикот, а најмалку тоа се очекува и доколку одлучат да ги здружат силите за барем една заедничка песна.

Имено, Рекса ја откри својата желба на Твитер, означувајќи ги колешките во својата објава, а првата што одговори беше Ејва, чиј коментар гласеше: „Новата ’Lady Marmelade’“, споредувајќи ја потенцијалната соработка со мегахитот од 2001 кој Кристина Агилера, Маја, Лил Ким и Пинк го снимија за саундтракот на филмот „Мулен руж“.

Набрзо потоа се јави и Дуа, согласувајќи се со одличната идеја.

Сигурни сме дека согласна ќе биде и Рита Ора, па нам ни останува само да почекаме и да видиме што ќе ни подготват четирите дами, а можеби и пет, ако одлучат да ја поканат и талентираната Ера Истрефи, која исто така забележа огромен успех на светската сцена.



Врати се горе ↑