Аудио

13 април, 2018

Биби Рекса објави две нови песни од новиот албум

По повод почетокот на претпродажбата на нејзиниот прв студиски албум, Биби Рекса денеска објави две нови песни од претстојното издание насловено „Expectations“, кое официјално ќе излезе на 22 јуни. Станува збор за темите „Ferrari“ и „2 Souls On Fire“, во која гостува колегата Куејво, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

 

Инаку, 2018 е веќе успешна година за 28-годишната ѕвезда со албанско потекло. Нејзиниот последен сингл „Meant To Be“, кој го сними во соработка со кантри-групата „Флорида Џорџа лајн“, сè уште е на 2. место на Билбордовата топ-листа, а неодамна објавената акустична верзија можеби ќе придонесе конечно да го слезе Дрејк од тронот, каде што повеќе од два месеца е неговиот повратнички сингл „God’s Plan“.



Врати се горе ↑