Видео

22 ноември, 2018

Биби Рекса, Дејвид Гета и Џеј Балвин ги здружија силите за „Say My Name“

Биби Рекса и Џеј Балвин имаа одличен придонес за актуелното студиско издание на Дејвид Гета, гостувајќи во темата „Say My Name“. Оваа одлична соработка во изминатите два месеца собра повеќе од 56 милиони преслушувања на Спотифај, а текстуалното видео на Јутјуб го прегледале над 50 милиони посетители. Новото неонско видео во режија на Хана Лукс Дејвис дополнително ќе придонесе за успехот на овој сингл, а како изгледа сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑