Македонија biba-dodeva

4 февруари, 2013

Биба Додева подготвува нова песна и албум

По кратката пауза откако настапи на минатогодишниот МакФест со песната „Сети се штом заврне“, Биба Додева викендов ја сними демо верзијата на преработениот хит од групата Меморија, насловен „Нашите слики“, пишува Вечер. Таа изјавила дека е презадоволна како звучи истата, а она што е следно се, секако, подготовките за снимање на финалната верзија.

„Соработувам со истиот тим како и досега. Аранжманот е на Дарко Тасев, но преработена е во мој фазон, а скоцкана планирам да ја промовирам во етерот најдоцна за 20 дена. Таа ќе се најде и на следниот албум кој го подготвувам и на кој е планирано да се најдат 11 песни“ – изјавила Биба, додавајќи дека секогаш ќе биде присутна на музичката сцена кога ќе може бидејќи паралелно е посветена на здружението за борба против ракот – „Борка“, кое подготвува доста водичи и кампањи.

„Покрај денешната кампања, бидејќи е светски ден на борбата против канцерот, здружението „Борка“ подготвува и нов водич за кампањата која ќе се случи во март оваа година, а паралелно работиме и на најголемиот уникатен настан кој ја одбележува „Борка“ петта година по ред, розовата прошетка која вклучува познати личности и претставници од сите институции од целата земја“ – додала Биба.

Додека ја очекувама новата песна од Биба, да се потсетиме на одличниот настап на Макфест 2012, каде што се претстави со композицијата „Сети се штом заврне“.

Извор: Вечер/фото:фејсбук



Врати се горе ↑