Балкан

12 јули, 2018

„Би била интересна појава на Евровизија“: По 50 години кариера, Неда Украден има само една желба

Неда Украден денес важи за една од најуспшените пејачки во регионот, а и во шестата деценија од животот изгледа презгодно и многумина можат само да ѝ завидуваат на линијата. Но, и покрај многубројните хитови и успешната кариера, жали што не успеала да пее сама во Европа.

„Отсекогаш имав желба да настапувам на Евровизија. Во времето кога излезе песната ’Зора је’, немаше интернет, ниту Јутјуб, а песната најде пат до публиката и надвор од границата на нашата земја. Во тоа време, тоа беше голем успех и ми е жал што како самостоен изведувач не учествував на ’Евровизија’,“ вели таа за „Ало“, додавајќи дека „Во секој случај, би била интересна појава на ’Евровизија’! Ако нишѕо друго, барем ќе бидам најстарата учесничка со шокантен настап“, вели Неда, која во 80-тите пееше како придружен вокал на евровизискиот настап на Сеида Мемиќ Вајта.

Периодов Неда ја промовира својата нова песна „Волим живот“, која го објаснува нејзиниот став кон животот.



Врати се горе ↑