Аудио dario-i-dnk

19 јануари, 2013

„Безобразно лажам“, интересна соработка на Дарио и ДНК

Откако пред извесно време Дарио со „Зборови погрешни“ се врати на музичката сцена, деновиве го исполни ветеното дека на почетокот на годинава ќе претстави уште една нова песна. Станува збор за интересна соработка со познатото Р&Б дуо ДНК, чиј наслов е „Безобразно лажам“. Музиката и текстот ги потпишува Дарио, додека продукцијата е на Кристијан Габроски. Одлична нумера со голем потенцијал да стане хит, кој можете да го слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑