5 јуни, 2015

„Бета хаус“ ја претставија „Ана“

По минатогодишниот хит „Емили“, во кој гостуваше Леана Таќи, скопскиот состав „Бета хаус“ деновиве го претстави својот нов хит насловен „Ана“. Песната е дело на членовите на бендот и Огнен Шапковски, продукцијата ја потпишува Роберт Билбилов, а снимена е во студиото „МариФет“. За композицијата да звучи уште побогато придонеасоа и гостите Петар Лукиќ (клавијатури), Сенад Усеин (труба) и Борислав Веселинов (саксофон).

Песната беше претставена заедно со видео запис, којшто се снимаше во МКЦ – Кино Фросина од страна на „Мелем продукција“, а во режија на Огнен Шапковски.  Како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑