Галерија 12803140_929258130528815_4652643091187404445_n

30 март, 2016

„Бета хаус“ ја најавија „Легендата“

По одличното првенче „Мона Лиза“, првиот видео запис  за темата „Емили“ и минатогодишниот хит „Ана“, групата „Бета хаус“ конечно ќе го претстави својот нов сингл и видео запис насловен „Легендата“. И за оваа песна момците соработуваат со Роберт Билбилов, а како ќе звучи сето тоа ќе слушнеме наскоро.

рб

Дека „Легендата“ ќе добие и интересна екранизација, на која работеше екипата на „Горила филмс“, докажуваат фотографиите од снимањето кои можете да ги погледнете во продолжение.

Инаку, „Бета хаус“ е бенд од Скопје формиран во 2009 година повеќе години активно настапува во скопските и македонски клубови и фестивали. Формиран е од четворица другари кои претходно свиреа заедно во повеќе македонски бендови: Раде Кекеновски (вокал и гитара), Стефан Стојчев (бас гитара), Бодин Попов (тапани) и Александар Алексов – Балабанов (гитарa). Под името „Бета хаус“, во 2013 година започнаа работат на авторски материјал, а во моментов интензивно работат на својот деби албум.

Фотографии: „Горила филмс“ и „Бета хаус“ на Фејсбук



Врати се горе ↑