Свет itsthegirls

23 септември, 2014

Бет Мидлер ќе објави албум во чест на женските групи

По осум години откако го објави својот последен албум „Cool Yule“, легендарната актерка и пејачка Бет Мидлер (68) се враќа на музичката сцена со нов албум закажан за 4 ноември. На изданието насловено „It’s The Girls“, кое е 14-ти студиски албум во нејзината кариера, ќе се најдат нови аранжмани на класични хитови од женските групи кои имале најголемо влијание врз неа, започнувајќи од „Д Ронетс“ сè до „Ти-ел-си“.

„Од деведесеттите години, моите омилени групи беа Ти-ел-си и Дестинис Чајлд. ’Waterfalls“ беше срцекршачка песна, особено ако си мајка и навистина ми остави огромен впечаток. Никогаш не мислев дека ќе можам да ја отпеам, но имавме некаква идеја за неа и мило ми е што ја искористив можноста“, изјавила Мидлер за „Билборд“.

Списокот со песни, кој се наоѓа во продолжение, изгледа навистина интересно, но сигурно многумина ќе се согласат дека недостасува уште и песната „You Don’t Own Me“, која ја изведе заедно со колешките Голди Хоун и Дајан Китон во филмот „Клубот на првите жени“.

„It’s The Girls“

1. Be My Baby“, оригинално отпеана од Д Ронетс (The Ronettes)
2. „One Fine Day“, оригинално отпеана од Д Шифонс (The Chiffons)
3. „Bei Mir Bist Du Schön“, оригинално отпеана од сестрите Ендрус (The Andrews Sisters)
4. „Baby It’s You“, оригинално отпеана од Д Ширелс (The Shirelles)
5. „Tell Him“, оригинално отпеана од Ди Ексајтерс (The Exciters)
6. „He’s Sure The Boy I Love“ (дует со Дарлин Лав), оригинално отпеана од Д Кристалс (The Crystals)
7. „Mr. Sandman“, оригинално отпеана од Д Кордетс ( The Chordettes)
8. „Come And Get These Memories“, оригинално отпеана од Марта и Д Ванделас (Martha & The Vandellas)
9. „Too Many Fish In The Sea“, оригинално отпеана од Д Марвелетс (The Marvelettes)
10. „Teach Me Tonight“, оригинално отпеана од сестрите ДеКастро (The DeCastro Sisters)
11. „Waterfalls“, оригинално отпеана од Ти-ел-си (TLC)
12. „You Can’t Hurry Love“, оригинално отпеана од Д Сјупримс (The Supremes)
13. „Give Him a Great Big Kiss“, оригинално отпеана од Д Шангри-Лас (The Shangri-Las)
14. „Will You Still Love Me Tomorrow“, оригинално отпеана од Д Ширелс (The Shirelles)
15. „It’s The Girl“, оригинално отпеана од сестрите Босвел (The Boswell Sisters)



Врати се горе ↑