29 октомври, 2014

Бет Мидлер ја препеа „Waterfalls“ од „Ти-ел-си“

Како што Ви пренесовме неодамна, познатата актерка и пејачка Бет Мидлер се враќа на музичката сцена, а изданието кое ќе го наследи „Cool Yule“ од 2006 година, ќе го носи насловот „It’s The Girls“ и ќе содржи 12 нови аранжмани на класични хитови од женските групи кои имале најголемо влијание врз неа, започнувајќи од „Д Ронетс“ сè до „Ти-ел-си“.

Новиот албум, кој е 14-ти по ред во нејзината кариера (и чија видео најава можете да ја видите горе), ќе биде објавен во ноември, а деновиве веќе беа претставени неколку комплетни снимки, како и куси извадоци од сите песни, кои можете да ги слушнете во продолжение. Веднаш потоа слушнете ја и темата која 68-годишната дива ја сметаше за најголем предизвик, односно познатиот хит „Waterfalls“ на групата „Ти-ел-си“, како и евергринот „Be My Baby“ од „Д Ронетс“ и „One Fine Day“ од „Д Шифонс“. Уживајте!

 

 

 



Врати се горе ↑