Аудио 1016303_455753174456928_801487151_n

22 јуни, 2013

Бет Дито од Госип гостува во новиот сингл на Блонди

Американската група Блонди деновиве објави нов сингл насловен „A Rose By Any Name“, во кој легендарната русокоса Дебора Хари пее заедно со пејачката на групата Госип, Бет Дито. Песната воедно претставува и прв најавен сингл за новиот десетти по ред студиски албум на бендот насловен „Ghosts of Download“, кој ќе го наследи „Panic of Girls“, издаден во 2011 година.

Како звучи овој интересен дует можете да слушнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑