Аудио makfest-download

29 октомври, 2012

Бесплатно симнете ги хитовите од МакФест 2012

Уште една одлична макфестовска вечер. Големото финале блесна во полн сјај, а сите изведувачи имаа во голема мера подобра интерпретација од двете полуфиналиња, како да се чуваа за овој момент. Иако мора да се забележи на моменти лошиот звук, кој за време на неколку настапи не им дозволи на изведувачите да го покажат својот потенцијал. Генерално добра изведба на сите, некои подобро, некои полошо, а некои беспрекорно. Ревијалниот дел беше резервиран за Кики Лесендриќ и Пилоти, кои не можеа да ја сокријат возбудата додека целата публика ги пееше заедно со нив нивните најголеми хитови, особено евергринот „Заборављени“.

Помеѓу највпечатливите настапи би го издвоиле и оној на Виктори, кој имаше одлична сценографија, интересен стил и одлична интерпетација на песната „Не ме заслужуваш“. Тамара со уште посилен и поемотивен настап докажа дека „Готово е“, а нејзината песна веќе е огромен хит и можеби врв на нејзината досегашна кариера. Кога зборуваме за Биба Додева, можеме да кажеме дека нејзината песна „Сети се штом заврне“ беше токму во оној препознатлив класичен макфестовски стил, како да нè врати во времето на Хелена Благне, Маријана и Росана и останатите нивни современици. Одличен настап, одлична композиција.

На крајот дојде делот и за доделување на наградите. Првото место и наградата за најдобар дебитант го освои Сара Маркоска со композицијата „После него“, а второто место од публиката, прво место од жирито и наградата „Тоше Проески“ за најдобра интерпретација ги освои Тамара со „Готово е“. Биба Додева со „Сети се штом заврне“ го освои третото место, а за истата композиција беше награден и текстописецот Огнен Неделковски за најдобар текст.

РадиоМк како и секогаш е тука да ја поддржува и промовира македонската музика, па затоа ексклузивно овде имате можност да ги симнете најдобрите хитови од овогодинешното издание на МакФест 2012.

Сара Маркоска – После него ( десен клик на линкот Save Target As или Save Link As)

Викторија Лоба – Почувствувај го ритамот ( десен клик на линкот Save Target As или Save Link As)

Виктори – Не ме заслужуваш ( десен клик на линкот Save Target As или Save Link As)

Соња Кочиќ – Мојот сон ( десен клик на линкот Save Target As или Save Link As)

ПМ – Без причина ( десен клик на линкот Save Target As или Save Link As)

Иван Раденов – Кога си одиш ( десен клик на линкот Save Target As или Save Link As)

Александар Белов и Милица – Пази ме ти ( десен клик на линкот Save Target As или Save Link As)

Влатко Илиевски – Нека биде по твое ( десен клик на линкот Save Target As или Save Link As)

Христијан Тодоровски – Ајде води ме ( десен клик на линкот Save Target As или Save Link As)

Игор и Фани – Далеку од овде ( десен клик на линкот Save Target As или Save Link As)

Мартин Мила – Мила ( десен клик на линкот Save Target As или Save Link As)

Наталија Славева – Слободна ( десен клик на линкот Save Target As или Save Link As)

Објавените материјали се во интерес на посетителите на музичкиот портал РадиоМк, одобрени за нивно превземање од страна на менаџментот на фестивалот „Макфест“.  Не одговараме за нивната понатамошна дистрибуција и начин на емитување. Избраните композиции по нивното превземање се на Ваша одговорност.

 



Врати се горе ↑