Настани

25 октомври, 2018

Бесплатен концерт на Ману Чао вечерва во МКЦ

Како загревање за јубилејното 20. издание на „Таксират“, вечерва во МКЦ бесплатен акустичен соло- концерт ќе одржи Ману Чао. Насловен „Ел чапулин соло“, настанот е со почеток од 20.30 часот, а по настапот на Ману, публиката ќе продолжи да се забавува со диџеј Чарли.

Онаа најлоша забава
Песните за сите падови
Час патување низ музика
Ние со Ману а Ману сам со гитара.

Aguántame rumba ¡ Aguantanamera ¡
и кога е најмрачниот дел од ноќта… ¡
Не го пропуштај!

нови и некои вечни стихови ¡
Дружба која тера да издржиш сѐ!
Извртените зборови, згрешените животи,
комшиите од плочниците, другарите по таксиратот,
тајните збогувања,
улиците, сокаци,
свадби, погребувања и живот на маргините…

Фотографија на Taksirat Festival.

 

Во рамките на роденденското издание на „Таксират“ ќе се одржат уште многу други настани, меѓу кои ПИН конференцијата, „Лузер-фест“ и концертите на „Киборг“, Неле Краљиќ, Рамбо Амадеус, а сето тоа ќе кулминира со главната вечер на „Таксират 20“ што ќе се случи на 8 декември во арената „Борис Трајковски“. 

Шведскиот инди-рок бенд „Мандо диао“, култниот алт-метал бенд „Терапи“ од Северна Ирска, славното француско арт-кабаре „Нувел ваг“, американскиот битбокс-шампион и повеќекратен добитник на Греми и член на легендарните „Рутс“ – Разел и основоположниците на македонската метал-кор сцена „Смат“ се само дел од досега најавените имиња што ќе настапат на главната вечер на „Таксират 20“, а повеќе информации се очекуваат наскоро.

Влезниците за сите настани се веќе пуштени во продажба преку МК Тикетс и на taksirat.mk.

ТРИТЕ ФЕСТИВАЛИ во организација на Password Production, се НОМИНИРАНИ за UK Festival Award 2018 во категоријата за „Best…

Gepostet von Password Production am Samstag, 20. Oktober 2018



Врати се горе ↑