Видео

6 ноември, 2018

Бени Бланко и Келвин Харис имаат потенцијален хит со „I Found You“

Иако на музичката сцена е активен веќе цела деценија, американскиот продуцент Бени Бланко дури годинава реши да објави нешто со своето име, а деби-синглот „Eastside“, во кој гостуваат колегите Халзи и Калид, наиде на одличен прием кај публиката ширум целиот свет. Охрабрен од постигнатиот успех, 30-годишниот музичар продолжува со исто темпо, а како засилување за вториот сингл насловен „I Found You“ го повика шкотскиот колега Келвин Харис, кој гостува како вокалист.

Обожавател сум на Келвин од 2007… Отсекогаш ми се допаѓало колку душа и музикалност носи тој. Исто така, неговиот глас ми е еден од омилените воопшто, иако тој мисли дека звучи за никаде“, вели Бени, кој се потпишал како продуцент на дури 26 број 1 синглови од имиња како што се Ед Ширан, Џастин Бибер, Викенд, Селена Гомез, Аријана Гранде, Лана Дел Реј и Камила Кабејо.

Оваа интересна соработка на Бланко и Харис стигна во комплет со симпатично разиграно видео, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑