Свет 2012-08-05f1

9 ноември, 2012

Бендот Полис повторно заедно?

Некогаш популарната рок група Полис (The Police) можеби повторно ќе настапи во потполн состав. Така барем тврди гитаристот Енди Самерс, кој вели дека е подтготвен за повторно собирање на бендот заради нова турнеја. Членовите на бендот Самерс, Стинг и тапанарот Стјуарт Копланд, последен пат настапија заедно во 2007 година, 20 години по распадот, кога одржаа серија концерти, а последниот настап им беше на Live Earth. Од тогаш Стинг постојано ја отфрлаше можноста за повторно соединување на бендот.

Поранешниот фронтмен во едно интервју во 2010 година изјавил дека воопшто не било лесно бидејќи немале ништо ново – ни нови песни, ни нова енергија, ниту пак желба да се створи нешто друго, туку било само како вежбање на носталгијата.

Неодамна во едно интервју за магазинот „Билборд“, Самерс изјавил дека е свесен оти постои конфликт на личности помеѓу поранешните членови на бендот, но и дека сепак е можно нивно реформирање. Тој рекол дека најдобро е никогаш да не вели никогаш, бидејќи светот е чуден и сè e возможно.

Бендот Полис се распадна во 1986 година по пет снимени албуми. Стинг потоа продолжи со успешна соло кариера. Во моментов свири во рамките на неговата турнеја под мотото „Back to Bass“. 

Извор: novosti.rs



Врати се горе ↑