Свет 0

22 декември, 2014

Бен Хејнау на врвот на божиќната листа во Велика Британија

Победникот на единаесеттата сезона на британскиот „Х фактор“, Бен Хејнау со својот победнички сингл „Something I Need“ го освои врвот на британската сингл листа. Пејачот го има и вториот најпродаван сингл годинава со продадени вкупно 214.000 примероци, а на второто место е најновата верзија на божиќната „Do They Know It’s Christmas?“, која актуелните музички ѕвезди предводени од Боб Гелдоф ја снимија за хуманитарната кампања „Бенд ејд 30“. и која за само една недела беше продадена во 313.000 примероци.

Хејнау позади себе ги остави Марк Ронсон и Бруно Марс со нивниот хит „Uptown Funk“, како и Ед Ширан со баладата „Thinking Out Loud“ и дуетот на Оли Мрс и Деми Ловато – Up. Во разговор со „Офишал чартс компани“, поранешниот возач на комбе од Кројдон изјавил: „Тоа што бев во трка со толку големи музички имиња и што победив е навистина неверојатно! Сè уште сум во шок, не можам да поверувам!“

Класичната „All I Want For Christmas“ на Мараја Кери, која годинава слави јубилеј од 20 години, се најде на 18 место.

За прв пат на божиќната листа, покрај продажбата предвид се земени и преслушувањата на сервисите како што се „Спотифај“, „Дизер“ и „О2 трекс“, а сите рекорди на слушаност ги сруши токму хитот „Uptown Funk“, кој изминатата недела бил преслушан приближно 2,34 милиони пати.

Претходно овој рекорд го држела баладата „Thinking Out Loud“ на Ед Ширан, којa за само една недела бил преслушанa 1,72 милиони пати, а неговиот албум „X“ е на врвот на албумската листа веќе 11 недели со ред. На второто место сè уште цврсто се држи првенчето на Сем Смит – „In The Lonely Hour“, Оли Мрс со „Never Been Better“ е на трето, Џорџ Езра со „Wanted On Voyage“ е на четврто, а „Тејк дет“ со „III“ на петтото место.

 Извор: Mirror.co.uk



Врати се горе ↑