Get More: Usher, MTV Shows

26 август, 2014

„Believe Me“ е новиот сингл на Ашер

Како што е познато, Ашер деновиве го имаше својот трет јубилеен настап на додлеувањето нa  МTV VMA 2014, а на сцената во Инглвуд, Калифорнија, изведе делови од три нови песни од претстојниот осми студиски албум „Everything You Can Imagine“, кој ќе пристигне во септември и на кој гостуваат колеги како што се Дипло, Скрилекс, Џуси Џеј и Крис Браун. Започнувајќи ја изведбата со хитот „Good Kisser“, пејачот продолжи заедно со колешката Ники Минаж, со која ја изведе дуетската тема „She Came To Give It To You“, а настапот заврши со песната „Believe Me“, чија студиска верзија можете да ја слушнете горе.

Дуетот со Ники Минаж наскоро ќе добие и видео издание, а како ќе изгледа сето тоа можете да погледнете во краткиот промотивен извадок во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑