Балкан slika-sasa-kovacevic-idemo-svi-do-saleta-foto-video-slike-7129-1-4

22 ноември, 2012

Беквалац отпаѓа, Саша Ковачевиќ за Евросонг?

Според неофицијалните сознанија, најсериозен кандидат да ја претставува Србија на следниот избор за песна на Евровизија, е пејачот Саша Ковачевиќ. Како пто пишуваат српските медиуми, Саша влегол во сериозниот круг на пејачи кои би можеле да ја претставуваат земјата на изборот во Шведска. Иако деновиве се спомнуваа и имињата на Наташа Беквалац и Марија Шерифовиќ, па и Емина Јаховиќ, но сепак изгледа токму Саша е најсериозниот кандидат за ова натпреварување.

„Не сум упатен дали досега е правена некоја селекција за тоа кој би можел да биде претставникот, ако вие така велите, тогаш ми е мило. Убаво е да се претставува својата земја“, вели Саша Ковачевиќ.

Инаку во моментов Ковачевиќ го подготвува дуетот со Цеца, а тоа ќе му донесе многу поени не само дома, туку и во соседството.

 



Врати се горе ↑