Балкан Natasa-Bekvalac-20

18 ноември, 2012

Беквалац: Нема да ја засрамам Србија на Евросонг!

Пејачката Наташа Беквалац, која како што се зборува, заедно со Марија Шерифовиќ е главен фаворит за да ја претставува Србија на следниот избор за песна на Евровизија во Малме, во емисијата „Ексклузив“ на една од српските телевизии изјавила дека претставувајќи ја нејзината земја на таков голем музички настан би било остварување на нејзиниот најголем сон.

„Евровизија е мој голем сон уште од детството. Сметам дека нема да се засрамиме доколку јас би ја претставувала Србија“ – рекла Наташа, која не сакала да потврди дали навистина таа ќе биде спрскиот претставник следната година. „Тоа нема да Ви го открија, тоа ќе биде моја мала тајна“ – додала Беквалац.

Од друга страна, на големо се шпекулира дека трета кандидатка за овој избор е Емина Јаховиќ, а сите овие шпекулации ги прокоментирала и Шерифовиќ, која изјавила дека не е заинтересирана за овој натпревар.

„Бладодарна сум на РТС што мисли дека повторно би можела да ја донесам Евровизија во Белград и дека ќе им донесам многу пари. Но, не благодарам. Овој пат без мене. Што се однесува на Наташа и Емина, па добро, тие се убави девојки“ – иронично рекла Шерифовиќ.

 

Извор: Telegraf.rs



Врати се горе ↑