Балкан natasa-bekvalac1

27 февруари, 2013

Беквалац: И од мене нула ќе остане

Наташа Беквалац веќе неколку месеци вредно работи на новиот албум, а со нејзините фанови подели мал дел од новата нумера. На нејзината фејсбук страница се најдоа неколку стиха од песната насловена „Хилјаду нула“, кој ќе биде третиот сингл од новото издание, за кој текстот го напиша Марина Туцаковиќ, додека музиката е на Дамир Ханднановиќ.

„Јер ја, од хиљаду нула, хилјаду нула мили мој, увек састављам и настављам овај живот свој… Јер ја од хиљаду нула, штедим једну за црне дане, кад и од мене само нула остане“ – гласи текстот од новата песна на Беквалац.

Од новиот албум веќе ги претстави песните „Позитивна“, „Слушкиња“ и „Грам љубави“.

Извор: Трачара



Врати се горе ↑