Балкан natasa-bekvalac1

9 февруари, 2013

Беквалац: Марина ги користи моите приватни проблеми за песните

Наташа Беквалац, која во моментов работи на нејзиниот нов албум, деновиве ги потготвува текстовите за песните заедно со Марина Туцаковиќ. Пејачката ќе го издаде албумот на пролет, а во интервју за магазинот Стар признала дека Марина ги искористува сите информации кои таа и ги доверила.

„Ја имам таа среќа сите соработници да ми бидат многу блиски, па од нашите енергии се раѓаат најдобрите дела. Иако на Марина Туцаковиќ не и се потребни моите сугестии, милион пати доживеала да дојдам кај нејзе разбушавена, во пижамии и потполно приватно да разговараме за некои женски, емотивни проблеми. Таа тоа секогаш го злоупотребува и искористува, но јас никогаш не сум се налутила“ – изјавила Наташа.

“Секоја моја песна ја отсликува моментната состојба во која се наоѓам. Сакам промени и ескпериментирање, а ја имам и таа привилегија што и самата работа ми е таква, слободна и креативна, па можам да се поигрувам со музичките стилови и на секоја песна да и дадам личен и препознатлив печат“ – додала пејачката, која во моментов се наоѓа во Париз, каде што на 14-ти февруари ќе настапи во еден клуб во близина на Ајфеловата кула. Претстојот ќе го искористи и за снимање на видео записот за нејзината најнова песна „Слушкиња“.

Извор: Opera-17/Трачара, фото: Трачара



Врати се горе ↑