26 јули, 2013

Бекстрит Бојс со нов видео запис и уште една нова песна

Популарната група Бекстрит Бојс неодамна го претставија својот прв повратнички сингл „In A Wolrd Like This“, со кој го најавија истоимениот албум закажан за 30-ти овој месец. Насловната тема деновиве доби и свој видео запис со кој, меѓу другото, ја поддржуваат ЛГБТ заедницата и легализацијата на бракот помеѓу две личности од ист пол.

„Сакаме да ја искажеме нашата поддршка за ЛГБТ заедницата и веруваме дека две личности од ист пол треба да имаат право да стапат во брак“ – изјавил Еј Џеј МекЛин за GMA, додавајќи: „Концептот на видео записот е врз основа на песната во која се зборува за тоа дека љубовта победува сè и дека во овој свет во кој живееме, со сето лудило и негативна енергија што не опкружува, со вистинска љубов можеме да преминеме преку сè.“

Видео записот можете да го видите горе, а непосредно пред објавувањето на осмиот студиски албум на бендот, момците претставија уште една нова песна, а „One Phone Call“ можете да ја слушнете во продолжение.

Извор: Idolator



Врати се горе ↑