Видео

9 ноември, 2018

„Бекстрит бојс“ најавија нов албум со „Chances“

По мошне успешниот хит-сингл „Don’t Go Breaking My Heart“, со кој во мај годинава триумфално се вратија на музичката сцена, „Бекстрит бојс“ деновиве објавија уште еден сингл, како најава за својот 9. по ред студиски албум насловенDNA. Станува збор за ретро-поп темата „Chances“, чие видео и кореографија исто така нè навраќа на деведесеттите, години во кои групата буквално го покори светот.

Претстојното издание, кое ќе биде поддржано и со истоимената светска турнеја, ќе биде објавено на 25 јануари следната година, а ќе го наследи „In A World Like This“ од 2013 година. Новиот потенцијален хит на популарниот бој-бенд ве очекува во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑