24 декември, 2014

„Бекдор бенд“ со интересно анимирано видео за „Лажна дама“

Охридските рокери „Бекдор бенд“ вчера го промовираа своето ново видео за темата „Лажна дама“, чии автори се Лазе Фармакоски и Жарко Јакимоски, а продукцијата е на Зоран Кречо. На синоќешната промоција во кафулето „Ликвид“, покрај претставувањето на видеото, момците од бендот имаа и настап во живо, а специјален гостин им беше познатиот гитарски виртуоз Дамјан Пејчиноски. Новата песна доби мошне интересен анимиран видео запис, кој е дело на Алек Илиевски, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑