Промоции

17 април, 2019

„Бекдор бенд“ ќе промовира ново видео

Охридското рок-трио „Бекдор бенд“ (The Backdoor Band) утревечер ќе го промовира видеото за својот нов сингл, кој доаѓа по пауза од речиси година и пол откако ја претстави одличната „Too Many People“, снимена во соработка со колегата Џими Монсон од данскиот состав „Блендед бру“. Како и секогаш, најновото од енергичните рокери премиерно ќе го видат и слушнат нивните сограѓани во охридското кафуле „Ликвид“, утревечер (четврток, 18 април) со почеток од 22.00 часот.

Охридските музичари зад себе ги имаат дебитантската „На задна врата“, „Truck & Roll“, „Лоша навика“, „Лажна дама“ и гореспоменатата „Too Many People“, а во меѓувреме времето им е речиси целосно исполнето со бројни настапи ширум државата. Каде сè настапуваат можете да дознаете на нивната фан-страница на Фејсбук.

🎥🎞️🔜

Gepostet von THE BACKDOOR BAND am Dienstag, 16. April 2019



Врати се горе ↑