Свет 1677659-beck-617-409

24 ноември, 2012

Бек снима нов албум

Музичарот Бек го подготвува новиот албум. Материјалот го започна уште во 2008 година, а во моментов се работи на продукцијата на истиот. Веќе во декември ќе можеме да го слушнеме новиот сингл кој ќе го најави ова издание, а ќе биде објавена и книга со ноти, популарната песнарка „Beck Hansen’s Song Reader“ – колекција од 20 песни кои не се снимени, ниту претходно објавени. На овој начин Бек ги повикува фановите сами да го креираат новиот албум и да ги испратат резултатитие кои ќе бидат објавени на сајтот McSweeney’s.

Но пејачот паралелно работи и на конвенционалниот албум, а за австралиското радио Triple J. изјавил: „Го снимив албумот во 2008 година, а сега морам да се погрижам за продукцијата пред да станат изгубени песни. Еве веќе помина половина деценија.“.

Извор: pitchfork.com

 



Врати се горе ↑