Концерт bei the fish_2

27 март, 2014

Беи д Фиш со концерт ја завршуваат својата музичка кариера

Еден од најкреативните и најиновативните македонски бендови, Беи д Фиш, на 12-ти април со почеток во 22 часот, ќе ја завршат својата 12 годишна кариера, со последен концерт во Сити Хол Центар. Сите присутни ќе имаат можност за последен пат да уживаат во концертот на еден од највлијателните бендови на македонската музичка сценa. Бенд кој зад себе има оставено 5 студиски албуми и безброј извонредни настапи во републикава и регионот.

Причините кои стојат зад оваа одлука на бендот, ќе бидат соопштени на самиот концерт како и низ најавените интервјуа кои ќе се појават во следниот период. Уникатниот стил на Беј д Фиш кој беше граден низ годините, изроди хит-теми како: „When he was young“, „French cheese“, „True story“, „Livin in a box“, „Ideal woman“, “Instant generation”. Атмосферата пред концертот со диџеј-сет ќе ја загрее Лепи Џони (The John). Картите ќе бидат пуштени во претпродажба од 28-ми март по промотивна цена од 200МКД во Сити Хол Центар, Custom Pub, Љубов и Happy cafe.

 



Врати се горе ↑