Аудио k-begaj-begaj

26 ноември, 2014

„Бегај, бегај“ е новата песна на Каролина

Непосредно пред големото скопско затворање на проектот „Македонско девојче“, Каролина деновиве ја израдува публиката со уште една нова песна. Станува збор за темата насловена „Бегај, бегај“, чиј композитор е легендарниот музичар Кокан Димушевски и која е преработка на насловната тема од култната македонска серија „Трст Виа Скопје“. Текстот за оваа песна го направи Весна Малинова, а аранжманот е на Никола Мицевски – човекот кој го направи „Македонско девојче 2“. Како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

 

Уште една новост поврзана со пејачката е тоа што албумот „Македонско девојче 2“, кој на македонскиот пазар се појави во февруари оваа година, ќе добие свое регионално издание, кое ќе се најде на музичкиот пазар на просторите на сите поранешни југословенски држави.

Како издавач се појавува „Далас рекордс“ (Dallas Records) – една од водечките дискографски куќи во регионот што со своите изданија рушеше рекорди во продажбата во изминатите 20 години, а албумите и изведувачите меѓу кои Џибони, Северина, Бајага и многу други еминентни музички имиња, освојуваа бројни награди. „Далас рекордс“ е основана уште во 1987 година и е ексклузивен застапник на ЕМИ која пак е издавач на светските музички великани, меѓу кои „Битлси“, „Квин“, Кајли Миног, Роби Вилијамс, Нора Џонс, Лили Ален, „Депеш мод“, „Пет шоп бојс“, „Колдплеј“, Дејвид Боуви, Тина Тарнер и многу други.

Албумот „Македонско девојче 2“ низ музичките продавници на „Далас рекордс“ во Словенија, Хрватска, Србија и останатите држави во регионот ќе се појави непосредно пред големиот скопски концерт на Каролина со овој проект кој ќе се случи на 13 декемви во арената „Борис Трајковски“. Влезниците со основна цена од 600 денари се веќе во продажба преку продажната мрежа на „КупиКартиЗаСè“, „Розе – Веро 2“, „Камарад“, „Скопје сити мол“, како и online на www.kupikartizase.com.

Важно: Со секоја купена влезница подарок ди-ви-ди од антологиските концерти во Македонска Опера и Балет.



Врати се горе ↑