Аудио 942323_544667888922738_95247398_n

13 септември, 2014

„Бедови“ е новата песна на Сиги

Создадена од Иван Костадинов – SmoukHouse, а изработена од Марко Наумовски, музиката на „Бедови“ кај Сиги го надградува оној шмек од неговиот прв албум „Скрипти на еден писател“ кој излезе во 2010 година. На оние кои го слушале материјалот од тој албум, ќе им се направи многу голем мерак штом ја слушнат оваа нова песна, а сите останати нека се подготват (како што вели Сиги во еден стих од песната) да „клатат глава ко да нема друго побитно“!

 



Врати се горе ↑