Свет bad-religion

8 ноември, 2012

Бед Рилиџн го најавува новиот албум со синглот „F*ck You“

Новиот албум на бендот Бед Рилиџн ќе излезе на 22ри јануари следната година, а го најавува неодамна објавениот сингл „Fuck You“. Популарниот американски панк рок состав ќе го објави шеснаесеттиот по ред студиски албум со наслов „True North“ на кој ќе се најдат вкупно 16 нумери.

Членовите на бендот најавија дека овој пат ќе бидат брзи и презицни, а песните претежно ќе бидат пократки од две минути. Како најава за новото издание преслушајте ја актуелната нумера „Fuck You“.

Извор: blic.rs

 

 

 



Врати се горе ↑