Настани gramphonedzie

13 август, 2013

Бед Копи, Сони Фодера и Грамофонџие овој викенд во Сектор 909

По паузата за летните одмори, клубот Сектор 909 го започнува вториот дел на летната сезона со нови забави и концерти. Во четврток популарните српски рапери Бед Копи (Bad Copy) ќе го промовираат својот нов албум насловен „Кригле”.  Бед Копи е хип хоп состав од Белград кој настанува во 1996 година чии денешни членови се Ајс Нигрутин, Тимбе и Скај Виклер. Зад себе имаат три студиски албуми „Орбод Мебеј” од 1996 година, „Све Сами Хедови” од 2003 година и „Најгори До Сада” од 2006 година. „Кригле” е нивни четврти албум и според многумина еден од најдобрите досега. Заедно со Бед Копи ќе настапи и диџеј Гоце [САФ], стартот е  на полноќ а влезницата е 200 денари.

Во петок пак  гостуваат две светски познати имиња од хаус сцената, диџеите Сони Фодера (Sonny Fodera) од Австралија и Грамофонџие од Србија. Фодера e веќе легенда на чикаго џекин хаус сцената. Извонреден диџеј и уште подобар продуцент чија музика може да се чуе во сетовите на сите квалитетни диџеи. Има изданија за огромни издавачки куќи како Defected, Faris Wheel, Guesthouse, Cajual и многу други. Ова ќе биде негово прво гостување во Македонија.

Марко Gramophonedzie е веќе добро познат на македонската публика, диџеј и продуцент од соседна Србија кој неколку пати настапувал кај нас, а минатото лето имаше одлична журка во Сектор 909. Својата слава ја стекна со хитот „Why Don’t You“ во 2010 година и оттогаш непрекинато го обиколува светот презентирајќки го својот звук.

Музичката комбинација на овие двајца диџеи ветува одлична хаус забава која одамна му се нема случено на Скопје. Забавата започнува на полноќ, а влезницата е 250 денари. 



Врати се горе ↑