11 мај, 2013

„#Beautiful“ од Мараја Кери и Мигел доби видео издание

Првиот сингл од новиот, четиринаесетти по ред студиски албум кој Мараја Кери ќе го претстави во текот на годинава (за сега закажан за овој месец) деновиве доби и свое видео издание. Станува збор за нумерата насловена „#Beautiful“, во која гостува сè попопуларниот пејач Мигел. Во видео записот пејачката изгледа одлично танцувајќи и возејќи се на мотор со колегата. Како изгледа сето тоа можете да видите горе.

 



Врати се горе ↑