Аудио hqdefault

29 јуни, 2013

„#Beautiful“ доби и шпанска верзија: Слушнете ја „Hermosa“

Актуелниот сингл „#Beautiful“ со кој Мараја Кери заедно со Мигел го најави нејзиниот нов четиринаесетти по ред студиски албум, веднаш по ремиксот во кој гостува и колегата Ејсеп Роки, доби и шпанска верзија насловена „#Hermosa“. Но, ова е можеби начин да се оттргне вниманието од лошата вест за нејзините фанови, бидејќи новиот албум кој последно беше закажан за 23-ти јули, повторно е „одјавен“, бидејќи пејачката „и понатаму е во креативен процес во работата на новиот материјал и се чувствува дека не би било во ред да го објави на 23-ти јули.“ 

Додека очекуваме нови информации, слушнете како звучи „#Hermosa“.

 



Врати се горе ↑