Македонија

14 мај, 2019

Беа четворица, останаа двајца: Еве кои Македонци испаднаа, а кои поминаа во „Ѕвездите на Гранд“

Во најновото издание на „Ѕвездите на Гранд“, во дуелите меѓу кандидатите беа и четворица Македонци: Огнен Здравковски, Мартинијан Кириловски, Стефан Величковски и Гоце Бошкоски. Жирито оваа вечер ја нарече македонска, но не сите од нив имаа среќа да поминат во следниот и потесен круг.

Огнен и Мартинијан

Иако секој од нив беше одличен на сцената и беше тешко да се поверува дека било кој од нив ќе испадне, сепак тоа се случи. Имено, Огнен Здравковки беше најбезбеден, бидејќи по дуелот беше директно пласиран. Но, Стефан, Мартинијан и Гоце мораа во бараж.

Стефан и Гоце

Среќата да продолжи понатаму ја имаше само Мартинијан, додека Гоце и Стефан за жал не беа меѓу полуфиналистите.

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑