12 јули, 2013

„Be My Lover“ – нов сингл од романската ѕвезда Ина

Елена Александра Апостолеану попозната само како Ина (26) е една од најпопуларните ѕвезди во Романија, а од неодамна пејачката ја освојува и светската музичка сцена. Имено, од нејзиниот трет студиски албум „Party Never Ends“ произлезе и првиот интернационален хит сингл „More Than Friends“, a сега на ред дојде и вториот. И овој пат Ина претстави потенцијален летен хит, а за темата „Be My Lover“ е искористен семпл од истоимениот хит кој во 1995 година го претстави германската група Ла Буш (La Bouche).

Пејачката го промовира актуелниот албум со турнеја во чии рамки ќе биде и нејзиниот настап на овогодинешниот Фестивал на пивото во Прилеп, кој ќе се одржува од 18-21 јули.

 



Врати се горе ↑