Видео

7 август, 2018

„Би-ди-ем“ ви ја претставуваат интерконтиненталната „Lee“

„Парагон рекорд лејбл“ (Paragon Record Label) Ви ги претставува „Би-ди-ем“ (BDM), свежиот звук на новата, модерна македонска музика со нивниот прв видео запис за песната „Lee“. Интерконтиненталниот производ, работен во Скопје, Белград, Лондон и Детроит, е уште еден доказ дека денешниот музички свет не познава граници, туку вистински квалитетен звук инспириран од едноставна, емотивна приказна што веројатно сите сме ја доживеале.

"BDM ft. Yova – Lee" available on:iTunes Spotify AppleMusic Googleplay AmazonMusic SoundCloud Dezeer YouTube- https://youtu.be/Y1RBQEj6twgSTAY TUNED!!!Paragon Music

Gepostet von BDM am Samstag, 2. Juni 2018

„Lee“ e режисерско деби на Виктор Стоимиров, а е визуелно воден од блескавата Елена Гугоска. Стоимиров успева да ја пренесе едноставната порака – за кршливоста на љубовта и моќта во таква ситуација, да се издвојат убавите моменти кои вредат да се запомнат.

Зад карактеристичниот вокал на „Lee“ стои светската Јова (Yova), a песната повеќе од еден месец одлично котира на светските стриминг-сервиси, воедно е и достапна на Ајтјунс, Спотифај, Гугл плеј, Епл мјузик, Дизер и Шазам.



Врати се горе ↑